3-годишната Милица загина од шрапнел во сопствениот дом – за 78 дена, 79 деца жртви на бомбардирањето

Од:

На денешен ден во 1999 година почна НАТО агресијата врз СРЈ. Бомбардирањето официјално започна во 19 часот и 55 минути, а на мета прво беше подрачјето на Косово и Метохија, Прокупље, Куршумлија и Црна Гора. За 78 дена загинаа околу 2.500 цивили и околу 1.000 војници и полицајци.

Нападите врз Југославија започнаа на 24 март 1999 година, по наредба на тогашниот генерален секретар на НАТО, Хавиер Солана,  по неуспешните преговори за решавање на косовската криза во Рамбује и Париз во февруари и март 1999 година. Бомбардирањето на Југославија заврши на 10. јуни, со усвојување на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН.

Една од жртвите на бомбардирањето, 3-годишната Милица стана симбол на невините жртви.

Да беше жива, Милица Ракиќ денеска би имала 27 години. Нејзиното име длабоко е врежано кај народот. Тоа се случи пред 24 години, на 17 април 1999 година, кога во текот на НАТО бомбардирањето гелер ја погоди куќата во Батајница.

Шрапнел од експлодиран проектил, од кој се уште се гледаат оштетувањата на фасадата на семејната куќа во Улица Димитриј Лазервиќ Раша број 8, ја погоди Милица, точно во 21:30 часот додека седела на нокширче во купатилото, и и го прекина тригодишниот живот. Нејзината смрт стана симбол за страдањата и патењето на децата.

Нејзиното семејство одамна не сака да говори и да дава изјави за медиумите. Но, своевремено таткото на Милица, Жарко, ја раскажа сцената во која беше убиен нивниот анѓел.

Мајката, која во тој момент беше бремена, а тоа не го ни знаеше се уште, ја остави малку време сама во купатилото, за да го подготви креветот за спиење. Вратата на купатилото била отворена. Во еден момент се слушна силна детонација. Сталото, плочките и фасадата испукаа, раскажа Жарко.

Тој втрчал во купатилото. Детето лежело мртво на подот, околу него имало крв. Сепак, се надевал дека Милица и е жива. Ја зел в раце, ја однел со возилото во болница, но, таму само можеле да ја констатираат нејзината смрт.

Милица имала голема рана на препоните низ која искрварела, но и други тешки повреди. Нејзиниот лик е нацртан како ангел во еден манастир, а оваа песна е посветена за неа и останатите деца жртви во бомбардирањето.

Во истиот момент полесно бил повреден и Дражен Јанковиќ, кој тогаш имал само две години.

Една улица во населбата, како и една во новосадската приградска населба Ветерник го носат денеска нејзиното име, а неодамна беше обновена и бистата на споменикот во Ташмајданскиот парк кој потсетува на страдањето на 79 невини деца во текот на 78-те дена бомбардирања.

Би можело да ве интересира

Земјотрес кај Чачак

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски