Младенов и Аврамопулус: Скопје да докаже добрососедски намери

Од:

Министрите за надворешни работи на Бугарија и на Грција велат дека нема да дозволат членство на Македонија во ЕУ, доколку официјално Скопје не докаже добрососедски намери.

Николај Младенов и Димитрис Аврамопулос вчера имаа заедничка средба со романскиот колега Титус Корљецан, кој е нивни осми трилатерален состанок кој се одржаа вчера во Софија.

По средбата Младенов и Аврамополус издадоа заедничка Декларација во која ги поддржуваат европските амбиции на земјите од Западен Балкан.

„Ги поддржуваме амбициите за членство во ЕУ на сите држави од регионот врз основа на континуиран, доследен и постојан напредок во економските и политичките реформи и во исполнувањето на неопходните услови и барања. Во овој контекст, ние ќе ги споделиме нашите искуства во областа на европската и интеграцијата во НАТО со цел да им помогнеме на кандидатите, потенцијалните кандидати и земјите аспиранти да напредуваат на патот кон НАТО и или ЕУ“, стои во Декларацијата.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе