Мировните преговори мир меѓу ПКК и Турција ќе бидат прекинати ако ИД извршат масакр во Кобане

Од:

Лидерот на курдските бунтовници Абдула Оџалан предупреди дека мировните преговори меѓу Курската работничка партија (ПКК) и Турција ќе бидат прекинати, ако се дозволи борците од „Исламска држава“ (ИД) да извршат масовни убиства на луѓето во сирискиот курдски град Кобане.

Ако обидот за масакр ја постигне целта, тоа ќе стави крај на мировниот процес, се вели во изјава на лидерот на ПКК Оџалан, кој се наоѓа во затвор.

Изјавата беше објавена од пратеници од турската прокурдска партија, кои вчера го посетија Оџалан во затворот.

Борци од ИД го опколија градот Кобане од пред две седмици, поради што 150.000 Курди побегнаа во Турција.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски