Миро Церар започна консултации за формирање нова влада на Словенија

Од:

Лидерот на партијата победник на неодамнешните избори во Словенија и најверојатен кандидат за иден словенечки премиер, Миро Церар започна консултации за формирање владина коалиција.

Според најавите, тој ќе разговара со пет од шесте партии што, покрај неговата Партија на Миро Церар (СМЦ), успеаја да обезбедат претенички места на парламентарните избори одржани на 13 јули. Церар единствено се откажа од идејата за коалицирање со конзервативната Словенечка демократска партија (СДС) на пораншниот премиер Јанез Јанша, кој се наоѓа во затвор под обвинение за корупција.

Досега Церар се сретна со претставници на коалицијата Здружена левица (ЗЛ), на Алијансата на Аленка Братушек (ЗААБ), на Нова Словенија (НСИ) и на партијата Социјални демократи (СД), а му преостануваат уште разговори со Демократската партија на пензионерите на Словенија (ДЕСУС).

По победата на изборите Церар најави дека сака да формира владина коалција на широка основа, но аналитичарите проценуваат дека тој сепак најверојатно ќе се реши за влада на партиите од левиот центар во која ќе нема место за демохристијанската Нова Словенија.

На изборите левоцентристичката СМЦ освои 36 пратеници, пред СДС со 21, ДЕСУС со 10, СД и ЗЛ со по 6, НСИ со пет и ЗААБ со четири мандати. За формирање мнозинска Влада на Церар му се потребни најмалку 46 пратеници во 90-члениот Државен збор.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он