Миро Церар сака „шарена“ владина коалиција без Јанша

Од:

Идниот словенечки премиер Миро Церар изјави дека набрзо ќе започне разговори со партиите за формирање коалициска влада и сака тоа да биде „шарена коалиција со бои на виножито“.

Тој истакна деке не е оптоварен со создавање на двотретинско уставно мнозинство во новиот Парламент, иако е уверен дека би можел да го постигне.

Церар не сакал однапред да одредува каква ќе биде идната коалиција, но додаде дека би сакал да биде „шарена“.

– Би била добра комбинирана влада, влада со бои на виножито, но се ќе зависи од преговорите. За формирање на новата коалиција ќе бидат потребни компромиси секаде каде што е тоа во интерес на државата, така што е можна соработка со секоја партија која тоа ќе го прифати, нагласи Церар, истакнувајќи дека во владата би сакал да ги вклучи најдобрите стручни кадри, кои се неоптоварени со политика.

Тој изјави дека ќе воспостави контакт со партијата СДС на Јанез Јанша, но дека таа не би можела да биде партнер во новата влада.

– Коалициски партнер не може да биде некој што ги негира темелите на правната држава и тврди дека изборите биле нелегитимни и притоа користи изрази кои се под нивото на политичка култура, потенцира Церар.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он