Миро Церар – Од периферијата до центарот на словенечката политика

Од:

Педесет и едно годишниот Миро Церар, професор на Правниот факултет во Љубљана и син на поранешниот носител на многубројни олимписки медали по гимнастика, е победникот на предвремените парламентарни избори во неделата во Словенија и тоа само еден месец по основањето на неговата партија, која го носи неговото име.

Церар, како млад правник беше во тимот, кој го состави нацртот за словенечкиот Устав во 1991 година и две децении беше консултант по уставни прашања во словенечкиот Парламент.

Минатата година тој беше меѓу кандидатите за раководење на техничката влада, но подоцна се откажа поради недостиг на поддршка од партиите.

Само еден месец пред изборите и под притисок на јавноста тој реши да ја формира Партијата на Миро Церар, која на анкетите веднаш се искачи на врвот на популарноста, дури и пред да ја претстави својата програма.

Церар изјави дека ја формирал партијата за да „ја врати надежта и довербата во државата“, нагласувајќи дека таа ќе одигра решавачка улога на политичката сцена, бидејќи се „појави самостојно, без никакво минато, кумови и спонзори“.

Тој изрази резерви во врска со приватизацијата, со што се постави на страната на левицата, но потоа омекна нагласувајќи дека идните ограничувања на потрошувачката се неизбежни, што е позиција на десницата.

Неодамна тој за весникот „Младина“ изјави дека неговите ставови по прашањето за човековите права, борбата против дискриминацијата и нееднаквоста го поставува во левата половина политичкиот спектар.

Од друга страна некои негови ставови изгледаат мошне конзервативни (за права на хомосексуалците, за абортусот) и тој отворено го изразува своето религиозно уверување.

Таткото на Миро Церар, Миро Церар постариот е познат југословенски и словенечки гимнастичар и носител на златен медал на олимписките игри и светските првенства, а неговата мајка, Зденка Церар е првата жена државен обвинител на Словенија (1999-2004) и таа беше министер за правда во левичарските влади.

Церар е разведен и е татко на две деца.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он