Милена Дравиќ побарала да ја пуштат од болница

Од:

Српската глумица Милена Дравиќ, која на крајот октомври беше итно примена на Одделот за онкологија во Белград, на нејзино барање била отпуштена од болница, објави белградскиот весник „Вести“.

– Иако тоа не е вообичено, минатата недела таа беше отпуштена. На излегувањето беше порасположена, но видно истоштена и исцрпена. Како што дојде, така и си отиде, тивко и без помпа, изјави неименуван извор од болницата за весникот.

Тој тврди дека додека престојувала во болница, Дравиќ редовно ја посетувале само една нејзина роднина и жената што и помага дома.

Гласините говорат дека Дравиќ боледува од тумор што веќе ги зафатил и нејзините коски, поради што операција е неизводлива, па лекарите применувале алтернативни методи на лекување.

– Ги прими терапиите, па сега е малку посилна, додава изворот.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија