Милан Барглез е нов претседател на словенечкиот Парламент

Од:

Новиот словенечки Парламент на вчерашната конститувна седница го избра за свој претседател Милан Барглез од партијата на Миро Церар и ги потврди мандатите на сите 90 пратеници, избрани на предвремените парламентарни избори на 13 јули.

На седницата присуствуваше и лидерот на Словенечката демократска партија Јанез јанша, кој моментно отслужува двегодишна затворска казна за корупција.

Пратениците се согласија да не му се прекинува мандатот на Јанша, кој ја предводеше листата на СДП, но неговиот случај и понатаму претставува проблематична правна и политичка тема, за која Парламентот треба подоцна да се изјасни.

Повеќето од пратениците сметаат дека јанша не може да ги извршува пратеничките обврски од затвор.

Според словенечките закони им се одзема имунитетот на пратеници осудени за криминал, кои имаат пресуда од најмалку шест месеци затвор. Меѓутоа со законот не е утврдено што се случува доколку некој добие место во Парламентот додека се наоѓа в затвор.

Партијата на јанша, која е најголема опозициска сила во новиот законодавен дом, одби да учествува во парламентарните комисии формирани вчера, најавувајќи дека ќе продолжи да ја бојкотира работата на парламентот се додека Јанша не биде ослободен од затвор.

Во меѓувреме продолжуваат преговорите за формирање идна коалициска влада. Според Церар, кој веројтано ќе биде новиот премиер, преговорите ќе продолжат и следната недела, а владата може да почне со работа во септември.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он