Марковиќ: Црна Гора ја заврши најважната етапа во борбата со коронавирусот

Од:

Премиерот на Црна Гора, Душко Марковиќ, вечерва изјави дека земјата ја завршила најважната фаза во спротивставувањето на вирусот Ковид-19.

Во интервју за телевизијата „Нова М“, тој рече дека овој резултат е постигнат преку навременост, одговорност и стручност на институциите, како и координација на сите делови од системот.

„Успешно ја завршивме најважната фаза на спротивставување на Ковид-19 во заштита и одбрана на граѓаните“, рече Марковиќ, потсетувајќи дека веќе четири дена во Црна Гора нема нови случаи и дека само пет пациенти се хоспитализирани поради коронавирусот.

„Сите овие податоци покажуваат дека Црна Гора е најдобриот модел за заштита на здравјето на нашите граѓани и за исполнување на овој клучен предизвик. Нашата клучна цел беше да го заштитиме здравјето на луѓето, за тие да не стигнат до респиратор. Значи, нашата цел не беше да добиеме респиратори по секоја цена, туку да ги заштитиме граѓаните и тие што се заразени да не доајдат во ситуација да бидат на респиратор, затоа што тогаш шансите за преживување се многу мали“, изјави Марковиќ.

Црна Гора веќе се подготвува да ја отвори летната сезона на 18 мај, а предложени се и сет мерки за тоа како би функционирале мерките за заштита и за држење физичка дистанца на плажите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полуматуранти запалија училиште во Подгорица: славеле крај на основното образование

Катерина Ѓуровски

Поддршката на Резолуцијата за Сребреница ја става Црна Гора пред закана за нов српски бунт

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски