Македонец со двајца косовски државјани планирале ликвидација на Љуљзим Баша

Од:

Еден македонски и двајца косовски државјани во 2017 година подготвувале ликвидација на тогашниот лидер на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша.

Ова според медиумите е обелоденето со објавените податоци од страна на хакерите кои полициските системи ги нападнаа на 9 месецов по 22 часот.

-Македонскиот државјанин е А.М.(63) жител на Гостивар. Од 1998 година бил вработен во гостиварската полиција во криминалистичко-техничко одделение. Станува збор за лице кое се занимавало со нелегални активности на трговија со дрога и е познат како личност која е подготвена да направи се за пари, пренесуваат медиумите.

Вториот осомничен е А.И.(41) од Приштина, познат по прекарот „Јапонија“. Радикален практичар на исламската религија, поранешен џихадистички борец во Сирија и поврзан со радикални елементи кои се бореле во Сирија. Тој е познат како личност со висок ризик. Уапсен е во јануари 2016 година, откако на патот кон манастирот Дечани бил затекнат со униформа и оружје, заедно со лицата Албан Кељменди од Феризај (Урошевац), Кујтим Курти од Ѓаковица и неговиот сограѓанин Куштрим Рама.

Третиот е Ф.Г. од Косово, осомничен дека е вмешан во обидот за атентат врз А. М од Драч во 2010 година, поради натпревар поврзан со коцкање во Урошевац.

Медиумите потсетуваат дека во април 2017 година поради заканата по живот на Баша му било одредено обезбедување од припадници на Националната гарда, која била одговорна за неговата физичка заштита.

-По опсежните истражни дејствија не се констатирани дејствија што би можеле да го загрозат животот на лидерот на опозицијата. Одлука за запирање на истрагата била донесена неодамна од секторот Антитероризам. Сепак судот ќе стави печат дали треба или не истрагата да се прекине, наведуваат медиумите.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски