Лидерите на српската владина коалиција решаваат за реконструкција на Владата

Од:

Лидерите на трите најгоелми партии во српската владина коалиција – Александар Вучиќ од Српската напредна партија (СНС), Ивица Дачиќ од Социјалистичката партија на Србија (СПС) и Млаѓан Динкиќ од Обединетите региони на Србија (УРС) попладнево ќе одржат средба посветена на реконструкција на српската Влада.

Според најавите, на средбата ќе се разговара за „обемни и сеопфатни промени“ и тоа не само персонални, туку и во политиката и целите на владиниот кабинет, со цел да се обезбедат подобри резултати, пред се во сферата на економијата.

Лидерот на СНС, Вучиќ, кој е актуелен српски вице-премиер и министер за одбрана, вчера оцени дека реконструкцијата на Владата ќе биде „тежок процес“, но дека во неговата партија „без сомнеж постои желба да му се покаже на народот дека принципите на одговорност, менливост и почитување на народната воља се поважни од партсиката припадност и послушност“.

Првиот човек на социјалистите и актуелен српски премиер Дачиќ изјави дека очекува денешните преговори да резултираат со квалитетни промени во работата на извршната власт, нагласувајќи дека реконструкцијата нема да биде само козметичка.

– Разговорите не се наметнати и не се козметика. (Тие) имаат за цел подобри резулатати, кои граѓаните ќе ги почуствуваат и затоа ќе биде анализиран секој дел на државната управа, изјави Дачиќ за денешнито број на весникот „Блиц“.

Вучиќ, чија партија е главен иницијатор за реконструкција на владиниот Кабинет, пред неколку дена изјави дека очекува промените во Владата да бидат спроведени најдоцна до 27 јули, кога се навршува една година од нејзиниот избор.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија