Лајчак: Што поскоро да се постигне компромис меѓу Белград и Приштина по прашањето за регистерските таблички

Од:

Експерти од Белград и Приштина се сретнаа во Брисел на седмиот состанок на Работната група за Регистерски таблички, објави на својот „твитер“ налог претставникот на ЕУ, Мирослав Лајчак. Тој уште укажа на потребата што е можно поскоро да се постигне компромис по прашањето.

dobivaj vesti na viber

– Како што се приближува крајниот рок, итно е потребен компромис за да се подобри слободата на движење во регионот. Одговорност на двете страни е да се договорат за решение, рече Лајчак.

Експертите на Работната група имаат рок од шест месеци да изнајдат трајно, заемно прифатливо решение за спорот со регистарските таблички.

На крајот на септември минатата година, Белград и Приштина постигнаа договор врз основа на кој почнаа да се користат налепници на регистарските таблички, со што се стави крај на кризата на административните премини меѓу централна Србија и Косово.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Лајчак во ненајавена посета на Приштина

Вучиќ: Лајчак, Плетнер и Бон предложија нова „арматура“ за преговори во Брисел со цел конечно решение

Лајчак и советниците на Шолц и Макрон во посета на Приштина и Белград

Лајчак: Благодарен сум на Ескобар и на американската дипломатија што го поддржаа дијалогот меѓу Белград и Приштина

Вучиќ: Не се лесни разговорите со Лајчак и Ескобар, ќе продолжиме подоцна вечерва

Лајчак и Ескобар најверојатно неделава ќе ги посетат Белград и Приштина

А1он