Курти: Руската Канцеларија за врски во Приштина е под целосен надзор

Од:

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека односите меѓу Србија и Русија се многу тесни и во ова време, кога продолжува руската окупација на Украина, Канцеларијата за врски на Русија во Косово е под целосен надзор на надлежните органи, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во синоќешното интервју за телевизијата КТВ, Курти изјави дека нема комуникација меѓу руската канцеларија и владата што тој ја води.

– Ние немаме добра комуникација со неа, меѓутоа таа е под целосен надзор на нашите надлежни органи, но несомнено не се пасивни ниту нашите сојузници и партнери, изјави Курти.

Тој нагласи дека е подготвен соодветно да дејствува во случај да се појави некоја опасност која потекнува од дејствувањето на руската канцеларија.

– Додека не добиеме некое упатство за дејствување поради нови факти, за да реагираме на некоја одредена активност, ќе остане вака како што е. Меѓутоа, во моментот кога макар и малку ќе забележиме дека се случуваат опасни или непредвидени работи несомнено нема да се двоумиме да реагираме ниту за миг, порача Курти.

Би можело да ве интересира

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Вучиќ на СБ на ОН: Со изборната кампања на Курти во Северна Македонија, тој ја поткопува регионалната стабилност

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија