Курти му пишува на Тачи: Избори во Косово по пандемијата

Од:

Лидерот на Движењето Самоопределување (ВВ) и вршител на должноста премиер на Косово, Албин Курти, го одби денеска барањето на претседателот на државата, Хашим Тачи, упатено до ВВ за именување мандатар за формирање нова Влада на Косово, откако Собранието на 25 март му изгласа недоверба на неговиот кабинет, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во соопштението од службата за информирање на Владата се наведува дека Курти му забележува на Тачи оти користи „двојни стандарди“ и се обидува да наметне неуставно решение за кризата создадена откако на 25 март беше изгласана недоверба на Владата предводена од ВВ, како победни на изборите од октомври минатата година.

– Вршителот на должноста премиер на Република Косово, Албин Курти, му се обрати со писмо на претседателот на Косово, Хашим Тачи, во кое нагласува дека му е јасно оти актуелната ситуација не дозволува одржување избори и тоа е нешто кое не го бараме да се направи сега, туку веднаш штом се создадат услови по поминувањето на пандемијата, се вели во владиното соопштение.

Курти нагласува дека денешното писмо не значи одбивање да се даде името на кандидат од страна на ВВ, туку е „потсетување на надлежностите на претседателот и на обврските кои ги има институцијата претседател на Република Косово“.

Според премиерот во оставка, „наметнувањето неуставни сценарија“, како што е инсистирањето на формирање нова влада без да се одржат парламентарни избори, „не е во дискрецијата“ на претседателот на државата.

Тачи на двапати во изминатите две недели се обрати написмено до ВВ со барање да именува кандидат за мандатар за новата косовска влада, најавувајќи дека, доколку партијата на Курти не успее во тоа, ќе побара од другите парламентарни партии да изнесат свои предлози за премиер.

Би можело да ве интересира

Вучиќ на СБ на ОН: Со изборната кампања на Курти во Северна Македонија, тој ја поткопува регионалната стабилност

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски