Курти: Мора да се запре опасната авантура на Тачи со границите

Од:

Лидерот на опозициското Движење Самоопределување (ВВ) Албин Курти ја нарече „лична авантура“ на косовскиот претседател Хашим Тачи неговата идеја за корекција на границата со Србија и порача дека таа мора да се запре што е можно поскоро.

Курти на конференција со претседателите на ограноците на неговата партија нагласи дека не смее да се дозволи таа опасна игра на Тачи да продолжи.

– Оваа лична авантура на претседателот мора да се запре. Мораме да ја прекинеме таа опасна игра, рече Курти.

Лидерот на втората најголема опозициска партија во косовското Собрание побара тим за преговори со Србија да се формира единствено откако соседната држава ќе понесе одговорност за убиствата, исчезнатите, силувањата и грабежите во последната војна.

– Треба да се предаде на Србија тој список и да и се каже дека имаме 1.500 исчезнати лица, 20.000 силувани жени. Ние имаме потреба да и се обратиме на Србија за тоа што ни го должи. Се согласувам дека еден ден треба да има таков преговарачки тим, но не без да се поминат неизбежните фази, порача Курти.

Курти минатата недела ги повика граѓаните на Косово, политичките партии и граѓанските организации на протест што, во организација на неговата партија, ќе се одржи на 29 септември во Приштина. Целта на протестот, како што рече лидерот на ВВ, е „да се запре пазарењето со границите на Косово“, државата „да се одбрани од Тачи“ и народот на Косово да покаже дека „не се потчинува на еден човек“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Земјотрес во Србија

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ