Кумуцакос: Наследивме 65.219 барања за азил

Од:

Наследивме 65.219 неразгледани барања за азил и на овие секојдневно се додаваат нови, изјави алтернативниот министер за цивилна заштита, надлежен за миграциска политика, Јоргос Кумуцакос говорејќи за грчкото радио „Скај“.

Ова е споменато и во одговорот од кабинетот на Кумуцакос за изјавата на надлежниот за миграциска политика во СИРИЗА, Јоргос Психојос, како реакција за ставот на алтернативниот министер на Грција кој истакна дека зад зголемениот бран бегалци и мигранти стојат геополитички причиниа.

-Ако добро паметам, Нова демократија, наместо да го брани управувањето со бегалското прашање од поранешната влада врз основа на меѓународниот легитимитет и солидарност, меѓународно ја обвинуваше СИРИЗА дека наводно „ги отвори портите“, вели Психојос од СИРИЗА во неговата реакција за изјавата на Кумуцакос.

Од кабинетот на алтернативниот министер за цивилна заштита, надлежен за миграциска политика, одговараат до СИРИЗА дека оние кои „оставија во наследство многу проблематична ситуација на островите и во земјата во управувањето со бегалското/мигрантското прашање, острови преплавени од 18.804 лица, наместо предвидениот капацитет од 6.338, оние кои оставија неразгледани првостепени и второстепени речиси 70 илјади барања за азил, оние кои ги потопија човековите права во калта на Идомени, пред да критикуваат мора прво да направат јавна автокритика“.

– Ако немаат политичка храброст да го сторат тоа, нека се обидат барем да го разберат новото геополитичко опкружување кое се создаде во нашиот регион во последниве месеци и резултираше со зголемен бран, а со тоа влошувајќи ја и онака веќе кошмарната петгодишна ситуација, соопштуваат од кабинетот на Кумуцакос во одговорот до опозициската СИРИЗА.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов