Криза во словенечката владина коалиција

Од:

Министрите во словенечката Влада од редовите на партијата Социјални демократи (СД) не присуствуваа на денешната редовна владина седница, што дополнително ја зголеми кризата во владејачката коалиција која започна со барањето на премиерот Миро Церар за смена на министерот за одбрана, социјалдемократот Јанко Вебер.

Во време на владината седница, раковоството на СД одржа состанок на кој станало збор за актуелната криза во коалицијата и за идните чекори на партијата.

– Не решававме за тоа дали ќе останеме или ќе си заминеме од Владата. Во моментов се уште сме членки на коалицијата и се уште го имаме нашиот министер за одбрана, изјави по партискиот состанок лидерот на СД и министер за земјоделство Дејан Жидан.

Церар побара смена на министерот за одбрана, откако Вебер беше обвинет за пречекорување на овластувањата поради неговото барање упатено до воено-разузнувачката служба пред неколку месеци за изработка на анализа за негативните последици од продажбата на националниот телекомуникациски оператор „Телеком Словенија“.

По обелоденувањето на ваквото барање на Вебер, опозицијата побара негова смена. Церар, од своја страна, оцени дека со оваа постапка Вебер се замешал во цивилната сфера во интерес на неговата партија, која е против продажбата на „Телекомот“.

Според Церар, од продажбата на „Телекомот“ ќе зависи кредибилитетот на Словенија пред странските инвеститори, пред се германските, кои се најмногу заинтересирани за преземење на словенечкиот телекомуникациски оператор.

По обелоденувањето на аферата, Церар побара од Вебер да поднесе оставка, но откако министерот го одби тоа, словенечкиот премиер побара од Парламентот да се изјасни за негово разрешување.

Вонредната седница на словенечкиот Парламент на која треба да се расправа за разрешувањето на Вебер, според најавите, би требало да се одржи кон крајот на идната недела, најверојатно следниот четврток.

Словенечките медиуми проценуваат дека со ваквото еднонеделно одолговлекување на седницата, Церар сака да ги смири тензиите во Владата, кои би можеле да доведат до распад на неговата коалиција.

Денешното отсксутво на министирте социјалдемократри од владината седница, аналитичарите во Љубљана го толкуваат како тактичка закана на СД кон Церар дека партијата би можеле да ја напушти Владата, со што владејачката коалиција би имала на мнозинство од само еден пратеник во Парламентот.

Шефот на словенечката дипломатија и лидер на Демокатската партија на пензионерите на Словенија (ДЕСУС), Карл Ерјавец, по денешната владина седница изјави дека е уверен оти кризата во владината коалиција ќе биде надмината и дека СД ќе остане во Владата.

– Доколку премине во опзоиција, тоа би значело смрт за таа партија, оцени Ерјавец.

Според него, социјалдемократите најверојатно ќе попуштат и ќе одредат друг свој член за нов министер за одбрана, при што Вебер би поднел оставка пред одржувањето на седницата на Парламентот за негово разрешување.

Актуелната словенечката владина коалиција ја сочинуваат Партијата на Миро Церар (СМЦ), која има 36 пратеници во 90-члениот Парламент, ДЕСУС со 10 мандати и СД со шест пратенички места.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он