Косовскиот парламент усвои резолуција за демаркација на границата со Црна Гора

Од:

Косовскиот парламент вчера попладне усвои Предлог-резолуција за демаркација на границата со Црна Гора, предложена од пратеничката група на партијата Алијанса за иднината на Косово, на Рамуш Харадинај, јавуваат денеска косовските медиуми.

Резолуцијата, со која се предвидува границата меѓу Косово и Црна Гора да биде според уставот од 1974 година ја поддржале 72 пратеника, а девет биле против.

Во Резолуцијата е внесен и предлогот на шефот на дипломатијата Хашим Тачи да почне демаркацијата и на границата со Србија, исто така според уставот од 1974 година.

Вицепремиерот и шеф на дипломартијата Тачи, според косовските електронски медиуми, во текот на дебатата за демаркацијата на границата со Црна Гора, по критиките упатени од поранешниот лидер на Движењето „Самоопределување“ Албин Курти, изјавил дека територијалниот интегритет и суверенитет на Косово се загарантирани со Уставот и оти државата до сега е призната од 111 држави.

– Денес имаме институции кои ги бранат границите, кои во текот на историјата не можевме да ги браниме. До денес, ни една граница каде што се Албанците не е одредена според волјата на Албанците, изјави Тачи.

Би можело да ве интересира

Почина Матија Шаркиќ, голман на фудбалската репрезентација на Црна Гора

Земјотрес во Црна Гора

Маж во Косово почина по семејно насилство: Синот е осомничен дека го претепал

Србите со ултиматум до црногорскиот премиер-Резолуција за геноцид во Јасеновац или крај за владата

Предраг Петровиќ

Ховениер: Косово да ги исполни сите свои обврски

Инцидент во Косовска Митровица, двајца прободени со нож по финален натпревар