Косово може да биде повод за вонредни избори во Србија

Од:

Веста дека Белград и Приштина не постигнаа договор, како и оставката која потпретседателот на владата Александар Вучиќ ја поднесе до премиерот Ивица Дачиќ, повторно ја иницираа приказната за распишување на вонредни парламентарни избори.

Дека изборите се реална опција, неодамна потврди и претседателот Томислав Николиќ, кој изјави дека до избори може да дојде без оглед дали ќе се постигне договор во Брисел или не.

Порпаролката на Демократската партија, Александра Јерков, смета дека граѓаните на Србија до крајот на 2013 година, сигурно ќе излезат на избори.

-Односите во владеачката коалиција се толку лоши, а неспособноста голема, поради што ќе дојде до самоуништување на владата – изјави за „Блиц“, Јерков.

Пратеникот на ЛДП, Бојан Ѓуриќ, наведе дека доколку преговорите се завршени, тоа значи дека е во ред на граѓаните да им се даде можност да изберат каква иднина сакаат.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија