Косово ги поддржува независноста и суверенитетот на Украина

Од:

Косовскиот премиер Алби Курти изјави денеска дека неговата Влада ги поддржува суверенитетот, незавиноста и територијалниот интегритет на Украина, јави дописникот на МИА од Приштина.

На денешната седница на Собранието на Косово, на која се расправаше и за кризата на руско-укаинската граница, Курти изјави дека Косово, и во оваа ситуација, како и секогаш „ќе биде на страната на Европската Унија, Соединетите Американски Држави и НАТО“.

И косовското Министерство за надворешни работи денеска се огласи со соопштение, во кое го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека „уште еднаш отвора војна против една мирољубива демократија“.

– Косово е на страната на Украина против руската агресија. Путин уште еднаш отвора војна против една мирољубива демократија. Тој води хибридни војни против демократии низ Европа веќе со години. Слободниот свет мора решително да му одговори на Путин и на неговите претставници, се вели во соопштението на косовското МНР.

Најголемата опозициска партија во косовското Собрание, Демокртската партија на Косово, побара денеска од премиерот Курти да го свика Советот за национална безбедност поради ситуацијата во Украина и да воведе санкции кон Русија доколку тоа го сторат ЕУ и САД.

Би можело да ве интересира

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ