Коштуница бара Србија да се откаже од членството во ЕУ

Од:

Претседателот на Демократската партија на Србија, Воислав Коштуница денес изјави дека ЕУ го покажа вистинското лице и дека ниту бриселскиот договор не е доволен за да и се одреди датум на Србија, за членство.

По повод изјавата на шефот на делегацијата на ЕУ во Србија, Венсан Дежер за тоа дека Европскиот совет на 28-ми јуни нема да одлучува само за датум за почеток на пристапните преговори со Србија, туку и за „зелено светло“ за отворање на преговорите, Коштуница оцени дека ЕУ отворено и грубо ја понижува власта во Србија.

-Ниту бриселскиот договор не е доволен за добивање датум, наведе тој.

Лидерот на ДСС оцени дека актуалната власт државата ја стави во агонија и безнадеж, бидејќи продолжи да ја води деструктивната политика дека ЕУ е цел на Србија.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија