Комисијата на епидемиолози предлага откажување на панаѓурите во Грција и зголемена контрола на копнените граници

Од:

Откажување на сите традиционални фестивали со жива музика (т.н. панаѓури) до крајот на јули, интензивирање на контролите на копнените граници, како и на сезонските работници кои доаѓаат од соседните земји, се трите мерки кои Комисијата на епидемиолози при Министерството за здравство на Грција, ги предлага до грчката Влада, јави дописничката на МИА од Атина.

Комисијата денеска одржа состанок со надлежниот министер за здравство Василис Кикиљас и ги донесе конкретните препораки, откако претходно Владата побара од епидемиолозите да ја разгледаат можноста за забрана на панаѓурите и останатите настани со масовни собири, најмалку до крајот на јули.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски