Кој и зошто сака да удри на Вучиќ

Од:

Република – Рим

Кој сака да удри на Александар Вучиќ, готвејќи заговор да го убие или пак да го „уништи” со убиство на неговиот брат Андреја, прашање е „кое виси над целиот Балкан, не само над Србија која во Италија го има најважниот партнер”.

Вучиќ, првпат откако слободно е избран и потоа реизбран да ја води Србија, старото срце на поранешна Југославија, промовираше една нова Србија која е проевропска и модерна и одлучна зад себе да го остави националистичкото минато, не се појави во скромната канцеларија во која работи во убавиот центар во Белград, на ул. Немања број 11.

Многумина велат дека него и неговиот брат, нивните семејства и најблиските соработници, добро ги чуваат на тајни места најдобрите и нај лојалните војници на вооружените сили и специјалните единици на полицијата, момчиња кои се горди наследници на Титовата партизанска војска.

Вознемирени, српските медиуми потсетуваат дека непријателите на промените во Србибја еднаш веќе убија еден лидер реформист. Се викаше Зоран Ѓинѓиќ, јас го познавав.

Откако Милошевиќ излезе како поразен во последната војна која ја водеше против НАТО, Ѓинѓиќ го зема кормилото, се обиде да ја води земјата која беше клекната и уништена од војните, во долг марш на мирот во чекор со Европа. Беше способен за тоа, но не му дадоа време.

„Слободно можете да шпекулирате што и да сакате околу тоа зошто премиерот денес не дојде на работа” – изјави за италијанската агенција Анса, Сузана Васиљевиќ.

Васиљевиќ, одлична и влијателна портпаролка на Вучиќ, често потсетува дека со Вучиќ на чело, Србија повторно почнала да бележи стопански раст и има приходи и расходи кои се во ред, а која за некоја година, за да ги намали социјалните последици од штедењето и реформите, се подготвува даа ги зголеми платите и пензиите.

Сепак, највисоките извори во Белград наведуваат застрашувачки приказни, кои мирисаат на заговор, чија цел е „да го ликвидираат Вучиќ лично, или во политичка смисла”.

Заговорите, ние додаваме на ниво на анализа, кои можеби ги замислиле многу внатрешни непријатели на проевропскиот премиер реформатор: русофилите на Милошевиќ кои ги посакуваат старите времиња, кои ги поттикнува воениот злосторник Радован Караџиќ од затворот во Хаг, или националистот Војислав Шешељ во парламентот.

Тоа не е се: во соседните земји секој ден го бојкотираат Вучиќ десничарските антисрпски националисти во Хрватска и тие кои во таа земја негуваат носталгични чувства кон „силите на оската”, олигарсите во Црна Гора, шовинистите на Косово, кои бескрупулозно ги запленуваат рудниците, кои со векови биле српска сопственост и разни слични сили во многу други делови на жалната поранешна Југославија.
Неименуван извор наведува дека веројатно не се работи за заговор за убиство на премиерот, колку на неговиот брат Андреј, за кој Александар е многу врзан и кој обезбедува водење на партијата која има мнозинство во парламентот.

Заговорите се откриени недолго откако премиерот Вучиќ објави војна на црногорската мафија. 

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија