Климатските промени во Словенија побрзи отколку во остатокот од Европа

Од:

Агенцијата за животна средина на Словенија неодамна завршила проект за климатските промени во државата и податоците недвосмислено покажуваат дека просечната температура расте побрзо отколку во другите делови од светот, јави Слевенечката телевизија.

Тоа најдобро се гледа според просечната температура како и по бројот на топли и жешки денови над 35 степени Целзиусови.

– Во изминатите 50 години од минатиот век во Словенија имало вкупно помалку денови со температура над 35 степени отколку во само 14 години од овој век, се вели во анализата.

Летото 2014 година било најтопло откако се мерат температурите во Словенија. Оваа зима била меѓу потоплите.

Од Агенцијата предупредуваат дека не е човекот единствен кој мора да се прилагодува на промените.

– Кај некои растенија и животни тоа се случува многу споро, објаснуваат експертите и додаваат дека на пример, шумите се прилагодуваат многу споро и за тоа им е потребно 50 до 80 години.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он