Клапа ќе ги пее трите омилени песни на Бандиќ – целиот државен врв ќе го испрати загрепскиот градски татко

Од:

Закопот на починатиот градоначалник на Загреб, Милан Бандиќ, ќе се одржи во среда напладне на гробиштата Мирогој во хрватскиот главен град, а загрепските градски власти го објавија протоколот.

Заедно со неговото семејство, пријателите и соработниците, на погребот ќе присуствува целиот хрватски државен врв – премиерот, претседателот, спикерот на парламентот и повеќе други носители на највисоките државни функции, најавуваат од Градот Загреб.

Последниот поздрав на Бандиќ ќе му го упати неговиот пријател и соработник Љубо Јурилиќ, како и Јелена Павичиќ Вукичевиќ, заменичката која ја извршува градоначалничката должност.

Починатиот градоначалник ќе биде испратен од клапата на Хрватската воена морнарица „Свети Јурај“, а пејачката акапела група ќе ги изведе трите омилени песни на Бандиќ: „Очи у очи“, „На омишкој стини“ и „Под брајде“, предвидува протоколот.

По закопот, миса ќе се служи во 15 часот, во црквата Мајка Божја Лурдска, соопштија градските власти.

Бандиќ, кој подолго време се бореше со здравствени проблеми, почина во неделата од срцев удар. Имаше 66 години.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари