Почина градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ

Од:

Градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ почина ненадејно рано утрово на 66-годишна возраст како последица на срцев удар, објави Информативната служба на Градот Загреб.

Хрватските медиуми пренесуваат дека на Бандиќ му се слошило доцна синоќа, брзата помош го однела во болницата „Свети Дух“, каде починал и покрај напорите на лекарите да го реанимираат.

Бандиќ подолг период имал здравствени проблеми, а во 2003 година доживеа тежок мозочен удар. Пред три години му беше вграден стент, а во јуни минатата година беше хоспитализиран откако му се слоши. Тој исто така имал белодробна емболија и неколку операции, вклучително и операција на гласните жици.

Бандиќ е роден на 22 ноември 1955 година во Груде, Босна и Херцеговина, каде што завршил основно и средно училиште. Завршил Факултет за политички науки на Универзитетот во Загреб.

До локалните избори во мај годинава, со Градот Загреб ќе управува Јелена Павичиќ Вукичевиќ, заменичка на градоначалникот Милан Бандиќ, кој почина рано утрово од срцев удар.

Партијата на трудот и солидарноста на Бандиќ потврди дека Павичиќ Вукичевиќ, долгогодишен соработник на Бандиќ, една од двете заменички на градоначалникот, ќе го преземе управувањето со Градот Загреб до изборите.

Кога Бандиќ првпат беше избран за градоначалник во 2000 година, Јелена Павичиќ Вукичевиќ беше секретар на градската организација на СДП во Загреб и член на Градското собрание на Загреб. Три години подоцна, таа стана член на Парламентот, во 2008 година секретар на Градскиот секретаријат за образование, култура и спорт и од 2009 до 2013 година првпат заменик-градоначалник.

По вторпат е избрана за заменик градоначалник во 2017 година на непосредни локални избори. Јелена Павичиќ Вукишевиќ е исто така потпретседател на Партијата за труд и солидарност.

Би можело да ве интересира

Почина О. Џ. Симпсон

Горан Наумовски

Се уште не е идентификуван напаѓачот врз градоначалникот на Арачиново, трет напад врз него за година и пол

Орце Костов

МВР со детали за пукањето во Арачиново: Градоначалникот не е повреден

Орце Костов

Пукање во Арачиново – повредени член на обезбедувањето и возачот на градоначалникот

Анита Петровска Рајковиќ

На медицинските сестри им се слошило во загрепска болница, итната помош била затворена пет часа

Горан Наумовски

Почина Слаѓана Милошевиќ

Катерина Ѓуровски