Карамарко: Хрватска не го блокира патот на Србија кон ЕУ

Од:

Потпретседателот на хрватската Влада и лидер на највлијателната владејачка партија, ХДЗ, Томислав Карамарко, денеска негираше дека Хрватска ја блокира Србија на нејзиниот европски пат, односно во отворањето на поглавјето 23, пренесе Танјуг.

– Не. Се зависи од Србија која го диктира темпото на своите преговори. Хрватска има некои приговори околу поглавјето 23 и прашањето за институтот на универзална јурисдикција, што за нас е неприфатливо и тоа имаме право да го кажеме. Се надевам дека колегите во Србија ќе сфатат дека тоа е неприфатливо за нас и дека ќе ги сменат таквите закони, рече Карамарко за регионалната ТВ Н1.

Се смета дека Србија дефинитивно мора да ги усвои стандардите на ЕУ и дека од Брисел нема притисоци Хрватска да попушти во своите барања.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион