Кадри Весели кон делегацијата во Вашингтон: Не смеете да преговарате за територија

Од:

Претседателот на опозициската Демократска партија на Косово (ПДК) Кадри Весели, кој исто како и косовскиот претседател Хашим Тачи, е обвинет за воени злосторства од страна на Специјалното обвинителство во Хаг, пред денешниот почеток на новата рунда косовско-српски преговори во Вашингтон, на делегацијата од земјата ѝ порача дека во ниеден случај не смее да преговара за територија.

На денешните средби со партиските структури во Митровица и Вучитрн, поранешниот собраниски спикер нагласи дека е неприфатлив било каков договор со Србија кој ќе го наруши територијалниот интегритет на Косово.

– Митровица и Косово се едно и се неделиви. Ниту еден сантиметар земја на Република Косово не смее да биде дел од дијалогот со Србија, порача Тачи.

Новата рунда косовско-српски преговори, која е планирано да трае два дена, треба да започне во Белата куќа денеска напладне по американско време, со средба на водачите на двете делегации, косовскиот премиер Авдулах Хоти и претседателот на Србија Александар Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Земјотрес во Србија

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари