ЈРТ почна да емитува програма

Од:

Југословенска радио-телевизија почна да емитува тест програма преку интернет.

Млади ентузијасти кои сакаат да `вратат барем нешто од пропаднатата Југославија` ја покренаа оваа телевизија ЈРТ.

Според нивните зборови, таа нема цел за будење на југоносталгијата, туку да ги спои најголемите регионални центри, Сараево, Скопје, Љубљана, Загреб, Белград, Подгорица, Приштина и Нови Сад во еден сервис, со цел на граѓаните да им се пренесе објективна, концизна и проверена информација.

Тимот е составен од повеќе од 50 луѓе, амбициозни и млади волонтери од Србија, Хрватска, БиХ и Црна Гора, на чие чело се наоѓа иницијаторот Бенјамин Хасаниќ.

Во склоп на телевизијата активни се четири редакции и тоа за информативно-политичка програма, забавна и спортска програма, филмска и документарна програма и културно-образовна програма..

Дневно ќе емитуваат 18 часа програма од сопствено производство.

ЈРТ функционираше до 1990 година, а во неа членуваа шест републички и две покраински РТВ центри: РТВ СКопје, РТВ Љубљана, РТВ Сараево, РТВ Загреб, РТВ Белград, РТВ Титоград, како и РТВ Нови Сад и РТВ Приштина.

Би можело да ве интересира

Почина Барбара Волтерс

Ипсос: За време на епидемијата српските граѓани повеќе се пред ТВ, а македонските на интернет

А1он

Тотал ТВ бесплатно ги отвори дополнителните канали за своите претплатници

Ландов

СЗО: На децата треба да им се ограничи времето поминато пред ТВ екран

„Нетфликс“ на гледачите ќе им нуди сами да го изберат крајот на ТВ серија

Наум Локоски

„Планета земја 2“ погледана од „Х-Фактор“

Емир Латифовиќ