Јоану: Кипар е единствена земја во ЕУ со тестирани 12 отсто од населението за Ковид-19

Од:

Кипар е единствената земја во Европската унија што изврши тестирање за Ковид-19 на 12 отсто од населението, изјави министерот за здравство на Кипар, Константинос Јоану пред парламентарната комисија за здравство, пренесоа кипарските медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Јоану ја информирал надлежната комисија за тестовите направени на Кипар, објаснувајќи дека досега во земјата се направени 106.000 анализи, односно 12.094 на 100.000 жители.

Паралелно, објаснил дека тестовите, досега ја чинеле земјата 6.766.000 евра и истакнал дека Кипар заедно со Романија се меѓу земјите од ЕУ со најевтини тестови. На Кипар чини 65 евра, а во Романија со 63 евра.

Според официјалните податоци од Министерството за здравство на Кипар заклучно со вчера, регистрирани се 941 позитивни случаи на Ковид-19, а од почетокот на епидемијата починаа 17 лица.

Би можело да ве интересира

Во Албанија од денес задолжителни маски во затворени простории

А1он

Лажни негативни резултати од тестови за Ковид-19 се продаваат за 40 евра на грчко-бугарската граница

А1он

Не стивнува епидемијата на Балканот: над 1.000 заразени во земјите од регионот во изминатите 24 часа

Горјан Грнчаровски

Бугарија бележи пораст на починати и новозаразени од Ковид-19

Заштитните маски задолжителни во англиските продавници од 24 јули

А1он

Сириза: Грчката влада се опушта, а бројот на новозаразени расте

А1он