Јеремиќ закажа во ОН дебата за Хашкиот Трибунал

Од:

Претседателот на Генералното собрание на Обединетите нации Вук Јеремиќ за 10 април следната година закажа расправа во генералното собрание на ОН за улогата на меѓунатодните кривижни трибунали во остварувањето на правдата и помирувањето помеѓу народите, укажувајќи дека со ослободителната пресуда за хравтските генерали му е нанесен удар на угледот на ОН.

„Одлуката на жалбениот совет на Хашкиот ттрбунал во врска со операцијата „Олуја“ предизвика разбирлива огорченост во многу делови на светот. Неспорен е фактот дека околу 250.000 Срби се избркани од своите огништа за само неколку дена, а судот кој е основан да ги истражи овие злосторства практично утврди дека за обој чин немало ниту винивници, ниту одговорни.

Од тоа може да се заклучи дека злосторство всушност немало, што е во спротивност со реалноста“, се наведува во соопштението на престедателот на ГС на ОН.

„Сметам дека размислувањето на хашкиот трибунал и неговите последици мора да биде достапно за пошироката меѓународна јавност, за да се овозможи историјата да донесе конеќен суд, за повеќе никогаш и никаде да не се повтори едно злосторство да биде амнестирано и прогласено за вредност“

Имајќи во предвид дека ОН се всушност основачи на тој суд, сметам дека е природно овде да се расправа за нивното дејствување, како и за степенот на ефективност на нивната работа за кои беа избрани.

„По мое лично мислење со одлуката на Жалбениот совет на Хашкиот трибунал му е нанесен удар на угледот на Обединетите нации, но ја дозволувам можноста дека како припадник на народот чии протерување е легализирано, донекаде и да сум субјективен“.

„Поради тоа, дебатата во генералното собрание ќе ја отворам за широката јавност, а ќе дозволам учество на само на државите, туку и на академската јавност, на истакнати поединци и на граѓанските здруженија“, вели Јеремиќ

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов