Јеремиќ: Косово е далеку од ОН

Од:

Претседателот на генералното собрание на ОН Вук Јеремиќ синоќа оцени дека Косово е „далеку од ОН“ и дека нема начини да и се доближи на светската организација „ се додека тоа не го одлучи Србија“.

Потсетувајќи дека „независноста на Косово активно ја форсираат светските сили“, Јеремиќ за РТС изјави дека „таа државност во меѓународниот простор не заживеа“ и дека е уверен дека „нема да има демократски избрано раководство на Србија кое тоа ќе го загрози со признавањето на Косово“.

Кога станува збор за споредба со случајот Палестина, која го оствари статусот држава нечленка-набљудувач во ОН, Јеремиќ нагласи дека таа споредба не е оправдана бидејќи Генералното собрание на ОН донесе одлука за Палестина дури откако Советот за безбедност одлучи.

– Би било добор кога, без одлука на СБ на ОН, Приштина би се обидела тоа да го стори бидејќи тоа би завршило така што следните 10 година би го „турнало“ разгледувањето за ова прашање. Јас би сакал тие да се обидат тоа да го направат, бидејќи сум сигурен дека тогаш Приштина на многу посериозен начин би се посветила на разговорите со Белград, отколку што тоа до сега беше счучај, рече Јеремиќ.

Би можело да ве интересира

Силно невреме во Белград, паѓа град со големина на орев, дождот ги поплави улиците

A1on

Земјотрес на југот на Србија

Белград: Синот кој ја нападна својата мајка е непресметлив, задржан е во затворска болница

Таткото го убил во ходникот, а бабата и дедото додека гледале ТВ

Хорор во Књажевац: Млад човек со ловечка пушка си го уби целото семејството

Предраг Петровиќ

Прелиминарни резултати од изборите во Белград: СНС освои 64 мандати

A1on