Јанша: Словенија нема да биде дел од Вишеградската група

Од:

Словенечкиот премиер Јанез Јанша во интервју за австриската новинска агенција АПА, изјави дека Словенија не планира да влегува во цврсти сојузи, како што е Вишеградската група и укажа на значењето на соработката помеѓу соседите.

– Нема потреба да кажеме дека секогаш ќе поддржуваме некоја земја или група земји во ЕУ. Секогаш имаме предвид што е добро за нашите граѓани, кои не избраа, посочи Јанша.

Тој исто рака го истакна значењето на односите помеѓу соседите, кои, како што потенцира, биле клучни за време на пандемијата со Ковид-19.

– Во исклучителни времиња точно знаеме на кого можеме да се потприме, наведе Јанша.

Тој по повод рестриктивните мерки и затворањето на границите поради епидемиајта со новиот коронавирус истакна оти тоа потсетува на некои мрачно време на Европа, додавајќи оти од клучно значење е билатералната соработка со соседните држави.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он