Јанша пуштен од затвор за да присуствува на конститутивната седница на словенечкиот парламент

Од:

Новиот словенечки парламент ја одржа денеска својата прва седница, на која присуствуваше и поранешниот премиер Јанез Јанша, кој беше пуштен од затвор, за да може да присуствува.

Јанша, кој од почетокот на јуни отслужува двегодишна затворска казна заради корупција, освои пратеничко место во 90-домниот парламент на 13 јули, како лидер на десноцентристичката Словенечка демократска партија (СДС).

јанша, кој во два наврати беше премиер, е осуден заради примање поткуп во вредност од 278 милиони евра при набавката на оклопни возила за словенечката армија од финската компанија Патриа.

Според словенечките закони, им се одзема пратеничкиот имунитет на лицата осудени за претспи со затворска казна подолга од шест месеци. Законот не прецизира што се случува кога некој ќе освои место во парламентот додека се наоѓа во затвор.

Откако парламентот ќе ги потврди мандатите на избраните пратеници, треба да избере претседател и парламентарни комисии.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он