Јанша од 20 јуни заминува во затвор на две години

Од:

Претседателот на опозициската Словенечка демократска патија (СДС) Јанез Јанша објави на својот налог на Твитер дека добил повик за издржување затворска казна и оти во затворот мора да се јави до 20 јуни.

Словенечките медиуми јавуваат дека доколку Јанша доброволно не се пријави во затворот тој ќе биде приведен со примена на сила.

Јанша меѓутоа претходно изјави дека нема да бара одложување на казната. Поранешниот премиер е осуден поради корупција на две години затвор во случако Патриа, додека неговите соработници Иван Чрнкович и Тоне Кркович се осудени на по 22 месеци затвор.

Сите тројца мораат да платат и парична казна и судски трошоци во висина од по 37 илјади евра.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он