Јанша најавува „саморганизрање на граѓаните“ за запирање на бегалците

Од:

Во напис за терористичките напади во Париз и за миграциската криза, што го објави на Фејсбук, лидерот на опозицијата во Словенија, Јанез Јанша го обвини словенечкиот премиер Миро Церар дека „дозволува илегален транзит на мигранти“ низ земјата и најави можност за „самоорганизирање на граѓаните“ за да го запрат приливот на бегалци.

– Сега се одлучува иднината на Европа и Словенија, бидејќи Шенген зоната на слободно движење во Европа е еден од најголемите цивилизациски придобивки во ЕУ, а словенечкиот премиер Миро Церар наместо да го спасува Шенгенот и да го запре незаконскиот влез на илегалните мигранти во Словенија, дозволува слободен транзит и така придонесува на уривањето на Шенген зоанта, смета Јанша.

Тој оценува дека поради актуелната мигрантска криза во Велика Британија, се зголемува бројот на оние кои размислуваат за излез од Европска унија.

– Словенечката Влада не е свесна за своите штетни постапки со имигрантите, поради кои некои земји се закануваат со исклучување од Шенген зоната, па би можело да се случи ѓраѓаните сами да се организираат и да започнат со контрола на границите, со што би го спречиле илегалниот влез на имигранти во Словенија, предупреди Јанша.

За американскиот претседател Барак Обама, тој оценува дека направил „голема грешка“ што веднаш изјавил дека САД нема да интервенираат со копнената војска на подрачјата кои се под контрола на Исламската држава, иако е јасно дека„ само со еден напад не може да се победи“.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он