Јанша ќе го изгуби пратеничкиот мандат или ќе ја надгледува тајната служба?

Од:

Поранешниот словенечки премиер Јанез Јанша, кој на седниците на парламентот доаѓа од затвор, наскоро би можел да остане без пратеничкиот мандат, јавија словенечките медиуми.

Јанша беше избран за пратеник во Парламентот во изборната единица Гросупље на листата на неговата Словенечка демократска партија (СДС), чиј претседател е тој, иако пред изборите почна да ја издржува две-годишната казна затвор на која е осуден за корупцискиот скандал „Патрија“. Казната е правосилна, а адвокатите на Јанша, поднеле жалба до Врховниот суд со која бараат вонредна мерка за заштита на законитоста, бидејќи, тие тврдат, за време на процесот му биле повредени човековите права, но судот сè уште не донел одлука.

Пратеничката функција на Јанша му беше потврена од Комисијата за мандат и имунитет, за што се развила правна полемика дали тој може да го користи мандатот бидејќи според Законот за пратеници мандатот на пратениците престанува кога се осудени на безусловна казна затвор над 6 месеци. Иако партијата на Јанша, тврди дека тоа се однесува на можни случаи кога пратеникот е осуден во текот на извршувањето на парламентарната функција, а не на случаите кога кандидатот за пратеник е осуден пред изборите. Во Здружението на правници кои го анализирале случајот преовладало спротивно мислење, објави Словенечката телевизија , која наведува дека поради тоа Парламентот во наредните денови може да го одземе мандатот на Јанша.

Поради правната недореченост околу овој случај, парламентот сè уште не ја конституирал и Комисијата за контрола на тајните служби, бидејќи партијата на Јанша, за свој кандидат го одреди исклучиво сопствениот претседател. Затоа, процесот на конституирање на оваа важна Комисија е прекината на неопределено време.

Партиите во идната влада на Миро Церар сметаат дека би било апсурдно член во комисија да биде некој кој е во затвор и против кого се водат голем број на други правни постапки.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он