Јанез Јанша правосилно осуден на две години затвор

Од:

Вишиот суд во Љубљана денеска ја потврди првостепената пресуда на опозицискиот лидер и некогашен премиер Јанез Јанша, кој е осуден ан две години затвор во корупциската афера „Патриа“.

Казните се потврдени и за поранешниот бригадир на словенечката војска Антон Кркович и директорот на фирмата „Ротис“ Иван Чрнкович, кои се осудени на по 22 месеци затвор и парична казна.

Според правосилната пресуда, Јанша во 2006 година, кога беше премиер, од посредници на „Патриа“ прифати ветување за парична награда ако финската фирма ја снабди словенечката војска со оклопни возила, договор вреден 278 милиони евра. Јанша за време на судењето ги негираше наводите на Обвинителството тврдејќи дека обвинението е политичка конструкција.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он