Јанез Јанша денеска заминува во затвор

Од:

Поранешниот словенечки премиер и лидер на опозициската Словенечка демократска партија (СДС), Јанез Јанша денеска попладне треба да се јави на издржување на двегодишната затворска казна, на која е осуден поради земање поткуп во случајот „Патрија“, а како што е најавено тој до затворот ќе биде испратен од неговите приврзаници.

Оваа правосудна пресуда може да ја укине единствено Врховниот суд, до кој Јанша поднел жалба, но оваа институција се уште нема донесено одлука.

Медиумите јавуваат дека организацијата за испраќањето на Јанша до затворот ја преземал поранешниот шеф на воената разузнавачка служба, Дамир Чрнчец.

Управата за извршување затворски казни соопшти дека на Јанша, како и на останатите затвореници, ќе му бидат гарантирани основните човекови права и слободи.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он