Изложба од рентгентски снимки во Белград

Од:

Рентгентски снимки, лекарски наоди и фотографии од повреди се дел од поставката во рамки на изложбата „Музеј на насилството“, која минатата недела е отворена во галеријата „Podroom“ на Културниот центар на Белград.

Овој простор неколку недели ќе биде јавен архив на медицинската документација што ја донирале жртвите на различни облици на насилство – семејно, насилство меѓу врсници, институционално или она што се заснива на хомофобија, објави Радио Слободна Европа.

Покрај медицинската граѓа која во еден дел ја приложиле анонимни граѓани, некои експонати се дополнети со фотографии од повреди и со пишани сведочења на жртвите кои ги опишуваат своите трауматични настани.

Тука се и неколку камења со кои хулиганите се пресметувале со полицијата за време на нередите на денот на Парадата на гордоста во 2010 година. Додека шета по галеријата посетителот наидува и на огледало што виси на ѕидот, со испишана порака наместо легенда: „Погледнете се! Дали е ова слика на насилник?“

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија