ФОТО: Изгоре автобус на пат од Софија кон Македонија

Од:

Автобус кој превезувал 46 патници од Софија за Македонија изгоре на патот помеѓу Ќустендил и Ѓуешево, во месноста Дервена. Нема повредени патници во пожарот во автобусот кој е сопственост на бугарска фирма.

Се испитува причината за пожарот, а биле испратени и две противпожарни возила.

Возачот на автобусот кога го забележал огнот, го сопрел автобусот и сите патници веднаш биле евакуирани. Поради запалениот автобус сообраќајот бил блокиран одредено време.

Фото: БТВ

Би можело да ве интересира

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница

Тројца повредени во сообраќајка на автопатот Скопје-Неготино

Сообраќајка кај патарината Сопот, возилата се пренасочуваат низ Велес

Тројца повредени во сообраќајна несреќа на патот Велес – езеро „Младост“

Горан Наумовски

Четворица повредени во сообраќајка во Гостивар

Горан Наумовски

Во судар на три возила кај Пожаревац: Има загинати

Горан Наумовски