Четворица повредени во сообраќајка во Гостивар

Од:

МВР извести дека ноќеска во 2.40 часот во полициската станица Гостивар било пријавено дека на ул.„Илинденска“ во градот се случила сообраќајна несреќа помеѓу возило „ауди“ управувано од Г.Н.(32) од Гостивар и возило „фолксваген голф“ управувано од А.И.(25) од Житоше, прилепско, по што удриле во три паркирани патнички возила „сеат“, „цитроен“ и „фолксваген“.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во возилото „голф“, Р.Ќ.(26) гостиварското село Чајле, а со телесни повреди се здобиле возачите на возилата „ауди“ и „голф“, како и сопатникот на возилото „голф“ А.И.(60) од Житоше, констатирани во Општа болница Гостивар.

Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски