Тројца повредени во сообраќајна несреќа на патот Велес – езеро „Младост“

Од:

Полицијата извести дека вчера во 18.15 часот во СВР Велес било пријавено дека на регионалниот пат Велес – езеро „Младост“, во близина на крстосницата кај Башино село, се случила сообраќајна несреќа помеѓу возило „алфа мито“ управувано од И.А.(23) од Скопје и возило „опел корса“ управувано од К.М.(31) од Велес.

Во несреќата со тешки повреди се здобил К.М., додека другиот возач И.А. и неговата сопатничка М.Б.(25) од с.Водоврати, општина Градско, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Општата болница Велес.

По овластување на јавен обвинител, извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски