Ивица Дачиќ ќе може да гласа на Косово

Од:

Косовскиот заменик министер за надворешни работи Петрит Сељими изјави дека српскиот премиер Ивица Дачиќ, како граѓанин на Косово според место на раѓање, ќе може да гласа во Призрен, доколку се наоѓа во избирачкиот список.

– Доколку биде на листата на косовски гласачи, Ивица Дачиќ ќе може да гласа во местото каде што е роден или регистриран, односно во Призрен, истакна Сељими за денешното издание на весникот „Данас“.

Премиерот Дачиќ неодамна нагласи дека сака да гласа на локалните избори на Косово, закажани за 3 ноември, повикувајќи ги сите кои имаат право на глас да го искористат и нагласувајќи дека Србите ќе можат да гласаат со српски документи и надвор од територијата на Косово.

– И јас сакам да гласам, роден сум во Призрен, Косово е наше колку што и ние сме негови, и ги повикувам сите да гласаат, изјави Дачиќ.

Сељими додаде дека локалните избори на Косово можат да бидат „клучен момент во стабилизацијата на односите на Балканот“.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски