Истрага против поранешната словенечка премиерка Аленка Братушек

Од:

Националното истражно биро на Словенија започна истрага против поранешната премиерка Аленка Братушек, објавија словенечките медиуми.

Според портпаролката на словенечкиот Парламент, Кармен Углешиќ, истражните органи моментно се наоѓаат во законодавниот дом во просториите на пратеничката група на „Сојузот на Аленка Братушек“.

– Освен во Парламентот, истрага се води и во седиштето на партијата во Љубљана, како и во домот на Братушек во Крањ, потврди портпаролот на партијата, Данаја Кек, не потврдувајќи за какво кривично дело станува збор.

Медиумите објавуваат дека според неофицијални информации истрага се води поради нејзината самокандидатура за европратеничка.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он