И на Кипар се воведува целосна забрана на движењето на грѓаните

Од:

Од денеска попладне на Кипар се воведува целосна забрана за движење на граѓаните, со мали исклучоци, а ќе биде на сила до 13 април 2020.

Ригорозните мерки на Кипар, се речиси идентични со оние во Грција, а граѓаните, од нивните домови, ќе можат да излезат, само во случај: да треба да заминат на работа; да се снабдат со неопходни производи; да посетат лекар или аптека; да отидат во банка, доколку не е можна електронска трансакција; да посетат лица на кои им е неопходна грижа; да присуствуваат на погреб, свадба или крштенка кај роднини од прв и втор степен; како и за прошетка на домашно милениче или индивидуално спортување, јави дописничката на МИА од Атина.

Секој оној кој ќе излезе од дома, ќе треба да има документ за лична идентификација, како и додатен документ за целта на движењето, додека пак за прекршувачите е предвидена казна од 150 евра.

Паралелно, од 18 часот попладнево се затвораат сите пазари, паркови, детски игралишта, отворени спортски терени, сите јавни простори за собири, како што се плоштади, плажи и сл, се прекинува работата на сите градилишта и се забранува посета на цркви и џамии.

Одлуката за целосна забрана на движењето ја соопшти Претседателот на Кипар Никос Анастасиадис во синоќешното обраќање до јавноста и рече дека „несомнено е болна, но неопходна одлука“ за здравјето на сите граѓани.

-Овие денови слушаме дека човештвото е под закана на невидлив пријател. И тоа е точно. Но, она што уште повеќе е точно е дека колку повеќе е невидлив непријателот, толку повидлива е опасноста и нејзините сериозни последици ако ги игнорираме предупредувањата и мерките. Се наоѓаме во војна. Војна која не ги регрутира нашите деца за, со оружје да ги дадат нивните животи или да одземат животи. Туку е војна која можеме да ја добиеме, само ако останеме во засолништата, рече Анастасиадис во обраќањето до јавноста, соопштувајќи ги новите мерки.

На Кипар, според официјалните податоци од Министерството за здравство заклучно со вчера попладне потврдени се 116 случаи на Ковид-19, додека пак пред неколку дена беше регистрирана и првата жртва.

Би можело да ве интересира

Пресврт во истрагата за случајот со загинатиот Србин на Кипар

Србин загина на пешачки премин во Кипар, возачот не го видел пешакот

Горан Наумовски

Туристка била силувана од пет мажи во хотел во Кипар

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Обезбедување на ноќен клуб уби турист од Велика Британија

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска