Хрватска одлучи: кој прележал Ковид-19, да прими една доза вакцина

Од:

Во Хрватска официјално е одлучено дека луѓето кои прележале Ковид-19 треба да примаат само една доза вакцина.

– Сега веќе има доволно податоци дека втората доза по закрепнување од болеста не придонесува за нивото на антитела, рече директорот на Хрватскиот институт за јавно здравје, Крунослав Цапак на прес-конференција.

Според него, втората доза вакцина треба да ја прими лице кое во меѓувреме се разболело и тоа три до шест месеци по закрепнувањето.

– Наша препорака е луѓето кои ја примиле првата доза на Астра Зенека, да примат и втора доза, рече Цапак.

– Секој што ја прележал болеста ќе добие една доза вакцина, тоа е официјална одлука. Податоците за времетраењето на имунитетот по болеста покажуваат дека е тој трае три до шест месеци, а ние сметаме дека тој имунитет е доволен за шест месеци, рече директорот на ХЗЈЗ.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари