Хрватска ја испровоцира Словенија со бонбониера

Од:

Хрватската Амбасада во Љубљана испрати новогодишен подарок, бонбониера, до неколкумина вработени во словенечкото Министерство за надворешни работи, во кабинетот на премиерот Миро Церар и кабинетот на претседателот Борут Пахор.

– Словенечките политичари таквиот чин го оценија како незамислива провокација, објави љубљанскиот весник „Дневник“.

На кутијата на бонбониерата, чиј производител е хрватската фабрика „Краш“ има натпис „Поздрав од Хрватска“, а на сликата делумно е видлива мапа на Хрватска. Кога ќе се отвори бонбониерата се прикажува целата карта каде границата помеѓу Хрватска и Словенија е нацртана на средина на Пиранскиот Залив.

Бидејќи границата помеѓу двете држави се уште не е утврдена словенечкото Министерство за надворешни работи ја врати бонбониерата во Амбасадата на Хрватска и тоа во кеса со натпис „I feel Slovenia“.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик

(ВИДЕО) Хрватска еуфорично го пречека Бејби Лазања: Ние сме деца кои се направија сами