Хрватска и дава поддршка на Србија, на патот кон ЕУ

Од:

Главниот преговарач на Хрватска во Европската унија, Владимир Дробњак изјави во Белград, дека во Брисел никој не оспорува Србија еден ден да стане членка на ЕУ.

-Датумот ќе го добиете порано или подоцна. Патот е тежок и напорен, но наградата е голема – изјави Дробњак, по трибината посветена на искуствата на Хрватска при влез во ЕУ.

Дробњак оцени дека Србија е во предност, во однос на Хрватска на почетокот на преговорите.

Помошникот на министерството за надворешни работи, Хрвоје Марушиќ изјави дека му е драго што во Белград се и претставници на нивната држава и дека му е чест да ги сподели своите искуства.

-Хрватска е на страна на Србија, во оваа приказна сакаме европска Србија. Хрватска сака европски регион и се надева дека ова е првиот чекор во заедничкото работење -изјави Марушиќ.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион