Хрватите во БиХ бараат посилна поддршка од Загреб

Од:

Хрватскиот народен сабор во БиХ (ХНС), што го сочинуваат десет партии на боснаските Хрвати, оцено дека нема да има решение за ниту една криза во Босна и Херцеговина, без решавање на „хрватското прашање“.

Покрај поздравот за влезот на Хрватска во Европската унија, ХНС изрази очекување дека официјален Загреб сега посилно ќе ги поддржува интересите на Хрватите во БиХ, кои тврдат дека се наоѓаат во подредена положба во однос на Бошњаците и Србите.

Сега кога Хрватска е на европската маса, очекуваме уште посилно да го презентира и застапува хрватскиот народ во БиХ во неговите легитимни интереси, се наведува во соопштението на ХНС, објавено по седницата на неговото Претседателство одржана во Мостар.

ХНС оценува дека нормализацијата на сегашната политичка ситуација ќе ја води земјата кон поскоро членство во ЕУ и НАТО, како и кон зацврстување на односите со соседните држави.

– Актуелното уставно-правно уредување не само што на Хрватите како конститутивен народ не им обезбедува, ниту им овозможува реална рамноправност со другите два конститутивни народи, туку, ги дискриминира и граѓаните кои не се изјаснуваат како припадници на некои од конститутивните народи, се наведува во соопштението.

ХНС затоа, како што јави Хина, повикува на уставна реформа што би ги изедначила правата на сите народи и граѓани во БиХ.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик

(ВИДЕО) Хрватска еуфорично го пречека Бејби Лазања: Ние сме деца кои се направија сами